CARBONIZER XR 1000g

  • 990,00ден

CARBONIZER XR 1000g - CARBONIZER XR™ -CA

Во листа со желби

Спореди со друг

Постави прашање

Без данок: 990,00ден

Достапност: На залиха

Производител: OLIMP SPORT NUTRITION

Код на продуктот: 3138

Ознаки:  carbonizer1000gПОГЛЕДНИСЕВОКАТЕГОРИЈА


CARBONIZER XR™ - ЌЕ ЈА ДОБИЕШ ЦЕЛАТА ЕНЕРГИЈА КОЈА ТИ Е ПОТРЕБНА!
 
Ефикасната употреба на производи на јагленохидрати, не само во спортови на издржливост, туку и во спортските дисциплини на сила, на брзина, помага да се намали времето на регенерација и да се подобруваат атлетските резултати. При изборот на такви производи и создавање на ефективен распоред за дополнување, физичките лица кои се занимаваат со физичка активност треба да запомнат дека различната хемиска структура на молекулите од различни јагленохидрати ќе го одреди времето на нивното поминување низ дигестивниот тракт, стапката на варење, заситеноста на крвта и апсорпција во работните клетки на мускулите.
 
За време на почетната фаза од тренингот, потребната енергија се снабдува директно од мускулниот гликоген и откако тие ресурси се исцрпени, се користат резервите на гликоза од гликогенот во црниот дроб. Недостатокот на гликоген во активните мускули резултира со оштетување на нивната функција и го намалува капацитетот на физичкиот напор. Во исто време постои зголемен ризик од развој на катаболична состојба во мускулното ткиво и од употреба на енергија од амино киселините, со цел да се обезбеди сила за понатамошна активност. Затоа е потребно да се дополни диетата - пред и по тренингот - со производи кои обезбедуваат постојано снабдување со јаглени хидрати.
 
Производството на овој препарат е во согласност со фармацевтските стандарди кои гарантираат највисок квалитет!
 
Модерните, ултра-ефикасни додатоци во исхраната врз база на јагленохидрати за спортисти и физички активни поединци, како што е CARBONIZER XR ™, се составени од различни извори на јагленохидрати собрани во прецизно определени пропорции (врз основа на научни истражувања и емпириски студии спроведени на атлетичари). Ја гарантира најоптималната кинетика на заситеноста на крвта со гликоза и нејзината апсорпција во активните мускули, обезбедувајќи постојано снабдување со енергетски компоненти за време на тековните и продолжените тренинзи. Поради изворите на јагленохидрати со повисоки гликемиски индекси во подготовката, тоа е совршено за брзо надополнување на гликогенските ресурси дури и по најтешките тренинзи.
 
Не се залажувајте со едно-компонентните "универзални" додатоци на јаглероднихидрати кои треба да бидат совршен извор на енергија и за време и веднаш по продолжените тренинзи. Истражувањата покажале дека ТАКОВ ПРОИЗВОД НЕ ПОСТОИ!!!
 
Целиот концепт на продолжено ослободување на моносахариди во CARBONIZER XR ™ се базира на прецизно утврдени пропорции на четири извори на јаглени хидрати (изомалтулоза, восочен пченкарен скроб, фруктоза и малтодекстрин). Три од овие извори (изомалтулоза, восочен пченкарен скроб и фруктоза) имаат многу ниски гликемиски индекси и како такви полека го покачуваат нивото на гликоза во крвта. Затоа, тие претставуваат совршен извор на енергија за време на подолги интервали на физички напор и може да се консумираат и непосредно пред и за време на тренингот. Дополнително ниско кристализираниот малтодекстрин гарантира снабдување на брзо-апсорбирачки јаглехидрати непосредно пред или за време на хипогликемија; овие јаглехидрати, исто така, имаат позитивно влијание врз ефикасноста на транспорт на креатин и амино киселини во мускулните клетки.
 
ПРВА ВАКВА КОМПОЗИЦИЈА НА ПАЗАРОТ !
 
Истражувањата укажуваат дека обезбедувањето на различни извори на јаглени хидрати е многу поповолно во однос на вкупната количина на гликоза и времето на сатурација на гликоза во организмот отколку обезбедување на иста количина на малтодекстрини или други сложени јагленохидрати.
 
На табелите се прикажани промените во нивото на гликоза во крвта по конзумирање на различни извори на јагленохидрати.
 
CARBONIZER XR™ е безбеден; сеопфатно тестиран во смисла на микробна контаминација, тешки метали или супстанции категоризирани како забранети во спортот.
 
 

Неодамнешни прашања

Постави прашање за овој производ

Мислења

Нема мислења за овој продукт

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!