Ultra Creatine Monohydrate 500g

  • 1.290,00ден990,00ден

Високо квалитетен креатин монохидрат во прав (микронизиран) дополнително оптимизиран со витамин Б6 со многу добра растворливост (ситно-грануларен), идеален за сите спортови и е без вештачки адитиви или нечистотии. 100% ГЕРМАНСКИ ПРОИЗВОД.Ultra Creatine Mo

Во листа со желби

Спореди со друг

Постави прашање

Без данок: 990,00ден

Достапност: На залиха

Производител: Body World Group

Код на продуктот: 7114

Ознаки:  ultracreatinemonohydrate500gКРЕАТИНМОНОХИДРАТ КРЕАТИНИ


ULTRA CREATINE се состои од високо квалитетен креатин монохидрат во прав, има супер фина текстура и затоа лесно се раствора. Особено погоден за бодибилдинг, тежински тренинзи и фитнес спортови и оптимизиран е за потребите на спортистите.

Поради неутралниот вкус и отсуството на бои и адитиви, прашокот е идеален за мешање со други производи како што се протеински шејкови, гејнери и производи за зголемување на телесната тежина, POST WORKOUT и PRE WORKOUT производи. Но, исто така може лесно да се меша во вода.

Производот не содржи генетски модифицирани суровини, ова се однесува на сите употребени суровини.

  • Високо квалитетен креатин монохидрат во прав (микронизиран) дополнително оптимизиран со витамин Б6
  • Многу добра растворливост (ситно-грануларен)
  • Идеален за сите спортови
  • Без вештачки адитиви или нечистотии
  • Премиум производ - Произведен во Германија

Креатинот е ендогена супстанција која се наоѓа во секоја човечка клетка и овозможува складирање на енергија во форма на креатин фосфат во телото. Самиот креатин се произведува до одредена количина во бубрезите, црниот дроб и панкреасот од трите амино киселини глицин, аргинин и метионин.

Неговата консумација ги зголемува физичките перформанси. Приближно 95% од креатинот во телото се наоѓа во скелетните мускули. Таму служи како важен извор за енергија. Дневниот внес со 3-5 гр креатин може да ги зголеми перформансите за време на краткотрајни, со високи оптоварувања, брзи тренинзи за сила, со што мускулите се стимулираат да растат со зголемената тренинг стимулација. Затоа, во натпреварувачките спортови, внесот на креатин е широко распространет.

Креатинската молекула е основниот преносител на енергија во мускулните клетки. Со соодветно дополнување (зголемување) на нивото на креатин во телото, се зголемува и содржината на фосфокреатинот, овозможувајќи брза ре-синтеза на АТФ (аденозин трифосфат) - директен извор на енергија, кој придонесува за зголемување на интензитетот и ефикасноста на мускулната работа.

Високата концентрација на креатин во мускулите ја стимулира синтезата на протеинот со анти-катаболички и анаболички ефекти, што придонесува за побрз раст на таканаречената чиста мускулна маса и мускулните перформанси.

Креатинот дејствува така што ја привлекува водата во мускулните клетки (70% од мускулното ткиво е вода). Значи како што се внесува креатинот, така се повеќе вода се складира во мускулните клетки, а со тоа и мускулниот тонус станува се поголем, мускулест и тврд. Внесувањето на креатин во телото мора да биде придружено со зголемено внесување и на протеини, амино киселини и јаглехидрати, со цел да има целосен ефект врз вкупната маса.

Главен извор на клеточната активност и мускулната контракција е молекулата aденозин три фосфат (АТР). За време на тренингот таа е прва "на удар", односно прва се троши, при што настанува хемиска реакција во која се ослободува од една од нејзините три фосфатни групи. На тој начин таа се конвертира во АДП (многу послаб извор на енергија). Мускулни клетки имаат онолку АТП колку што е потребно за мускулна контракција од неколку секунди. Тоа значи дека откако ќе премине во АДП треба да се надокнади АТП за да се изврши обратната конверзија (АДП во АТП). Креатининот го потпомага токму овој процес. Тој како главен носител на фосфатните групи и помага на разложената молекула на АТП, враќајќи и ја фосфатната група и доведувајќи во состојба на повисока енергија потребна за целосна активност.

Дополнување на исхраната со КРЕАТИН резултира со:

  • Брза ре-синтеза на АТФ (аденозин трифосфат) - директен извор на енергија 
  • Зголемување на силата и енергијата 
  • Анти-катаболни ефекти
  • Забрзување на мускулната РЕГЕНЕРАЦИЈА
  • Зголемување на енергетската сатурација на телото
  • Подобрување концентрацијата
  • Стимулира синтеза на протеин

70% од мускулното ткиво е вода, а за да има целосен ефект врз вкупната маса мора да биде придружено со зголемено внесување на ПРОТЕИНИ, АМИНО КИСЕЛИНИ и ЈАГЛЕХИДРАТИ.

Креатинот, исто така, предизвикува врзување на повеќе вода во мускулните клетки, што го зголемува волуменот на клетките и клеточната тензија. Со зголемен внес на креатин, многу е важно да се внесува доволно течност.

 

Чист HPLC фармацевтски квалитет на креатин монохидрат, пиридоксал фосфат, витамин Б6.

 

Растворете 5 гр (една кафена лажичка) со 100 мл вода на ден.

 

Неодамнешни прашања

Постави прашање за овој производ

Мислења

Нема мислења за овој продукт

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!