Информации за достава

1. Потврда за направена нарачка

Пред да се испрати нарачката од наша страна добивате потврда или телефонски повик од наша страна дека истата ја имаме добиено

  1. Како нов клиент кој прв пат прави нарачка кај нас, ќе ве контактираме за потврда на истата на бројот кој го имате оставено на нашата веб страна, а за секоја следна нарачка ќе добивате известување (потврда) на Вибер, во моментот кога ќе ја добиеме нарачката, дека нарачката е примена и дека истата ќе биде испратена или доколку имате одбрано подигнување од еден од нашите продажни салони, ќе добиете порака за кога и во кој продажен салон можете да ја подигнете.
  2. Доколку сте наш клиент кој има направено повеќе од една нарачка ќе добиете известување (потврда) на Вибер, во моментот кога ќе ја добиеме нарачката, дека нарачката е примена и дека истата ќе биде испратена или доколку имате одбрано подигнување од еден од нашите продажни салони, ќе добиете порака за кога и во кој продажен салон можете да ја подигнете.

2. Лично подигнување на нарачката

Сите нарачки можете лично да ги превземете директно од еден од нашите продажни салони кои се наоѓаат на
ЦЕНТАР (позади универзална сала) ул.Христо Смирненски бр.21 лок.2 во Скопје, кој е со работно време:
- Понеделник до Петок: 10:00 - 19:00 часот
- Сабота: 10:00-16:00 часот
АЕРОДРОМ (Т.Ц.Бисер) на 1 спрат, кој е со работно време:
- Понеделник до Петок: 11:00 - 19:00 часот

  1. За да ја подигнете нарачката лично од еден од нашите продажни салони потребно е да ја прикажете нарачката која сте ја направиле и треба да имате добиено потврда (порака на Вибер) од наша страна дека истата е спремна и дека можете да ја подигнете
  2. Кога лично се подигнуваат нарачките од нашиот продажен салон ве молиме да понесете копија од нарачката која е пратена на вашата email адреса, како и општата уплатница или доказ за уплатата на истата.
  3. При подигнување на артиклите од нашиот продажен салон немате никакви дополнителни трошоци за испорака.
  4. Може да дојде до промена на работното време. Точниот распоред можете да го погледнете на нашата facebook страница или да се информирате на еден од телефонските броеви на следниов линк: СОВЕТИ И ПОДДРШКА

2. Достава на адреса или подигање од пошта

Во моменов имаме соработка со КАРГО ЕКСПРЕС, кој врши достава низ целата територија на Македонија.

  1. Во моментот за сите нарачки има доплата од 100ден без разлика на висината на сумата на нарачката.
  2. Цената е еднократна независно дали нарачката вклучува еден или повеќе производи.
  3. Доставната служба ја испорачува секоја пратка во рок од 1 до 3 работни дена на целата територија на Македонија, до карго база од каде истата треба да ја подигнете лично
  4. Доколку не добиете известување дека пратката ви е стигната, најдобро е лично да се јавите или да поминете директно во Карго базата за да проверите (тие некогаш знаат и да не пратат известување дека пратката е стигната).
    Контакт информации за Карго бази можете да побарате на следниов линк https://www.kargoekspres.mk/contactus.aspx
  5. Во недела и државни празници доставната служба не испорачува.
  6. Достава во Скопје се врши исто преку Карго Ехпрес. Зависно од нивната логистичка достава низ Скопје, потребно е онлајн плаќање преку нашата веб страна, и истата се доставува до врата.

3. Други информации околу испораката

Производите се секогаш безбедно спакувани, така што при транспортот немаат можност да бидат оштететни. Нарачателот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи оштетувања. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на лицето кое ја доставува пратката.
Сите пратки се осигурани од губење и оштетување при испорака. При превземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише испратницата од доставувачот и да задржи еден од примероците за себе како потврда за превземањето.
За сите други информации контактирајте не на телефонскиот број 078/820-222 или 02 3 100 045 или преку email info@pbc.mk

Доколку ви се потребни информации за статусот на пратката и терминот за нејзиното доставување, можете да ги контактирате директно и доставните служби КАРГО ЕКСПРЕС на 047 220 350 или 070 307 883.

4. Враќање на нарачка и/или промена на производ/и

Можна е замена на еден или повеќе производи кои сте ги нарачале или купиле диретно во еден од нашите продажни салони. Се додека нарачката која ја имате направено не е пратена, може да се направи промена на истата, во случај да нарачката која веќе ја имате направено е пратена, неможе да се направи промени на истата.
Во случај ако сте ја подигнале нарачката, а сакате да промените производ тогаш:

  1. Можна е замена за производ/и при што трошокот за транспортот за промена го плаќа купецот (доколку ја имате купено директно во еден од нашите продажни салони потребно е да ја имате фискалната сметка, без фискална сметка неможе да се изврши замена или да се прати производот)
  2. Ако е пратен погрешен производ од наша страна, промената на производот е на наш трошок
  3. Промена на производи кои биле на промоција, акција, пакети или производи на акција, може да се направи само во периодот додека истите понуди важат, доколку истите понуди се завршени не е можна никаква замена, промена или дополна (за производи на кои не е можна замена или враќање е пишано во текстот во самиот производ)
  4. Доколку нарачката која сте ја направиле, била пратена од наша страна и вие не сте ја подигнале, истата нарачка се враќа, а секоја следна нарачката која сакате да ја направите ќе мора истата да ја платите преку нашата веб страна или вирмалски (во банка).