- 2.590,00ден1.690,00ден
Без данок: 1.690,00ден
Достапност: На залиха
Производител: OLIMP SPORT NUTRITION
Код на продуктот: 3009
ОВАА ПОНУДА Е ДОСТАПНА САМО СО НАРАЧКА ПРЕКУ ВЕБ СТРАНАТА. За оваа понуда следи доплата од 100ден за транспорт. Испорака до Карго Експрес База.
Без данок: 1.690,00ден
Достапност: На залиха
Производител: OLIMP SPORT NUTRITION
Код на продуктот: 3009
Ознаки: creatinexplode500g КОМПЛЕКСНИКРЕАТИНСКИПРОИЗВОДИ КРЕАТИНИ
КОМБИНАЦИЈА НА 6 НАПРЕДНИ ФОРМИ НА КРЕАТИН КОИ ЌЕ ВЕ НОКАУТИРААТ !
ОДЛИЧНА РАСТВОРЛИВОСТ И АПСОРПЦИЈА !
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ !
БЕЗ ЕФТИНИ МОНОХИДРАТИ ИЛИ ЈАГЛЕХИДРАТИ !
Одлична комбинација од најнапредните форми на креатин, карактеризирани со највисока анаболна активност и шема на енергетски промени. Creatine Xplode успева да искомбинира во само еден единствен производ 6 од најпопуларните и најефективните форми на креатин кои се употребуваат во светот на напредните атлетски додатоци. Состојките од овој специјален производ се соодветно балансирани така што ослободувањето на слободни молекули на креатинот е највисоко веднаш по консумирањето, многу брзо исполнувајќи ги барањата за овој состав во услови на најголема изложеност на катаболизам - по будењето и веднаш по тренингот.
Формите на креатинот кои што се содржат во овој производ вклучуваат малат, етил естер, алфа-кетоглутарат, пириват, цитрат и вистински дијамант во форма на одличен креатински хелат на магнезиумот (Creatine Magna Power). Употребата на овие форми на креатин гарантира многу повеќе од постигнување на најразновидна кинетика на ослободувањето на слободни молекули на креатинот, исто така обезбедува минимални загуби на супстанцијата (во неактивен креатин) под неповолните услови на хранливиот тракт. Исто така е важно, по ослободувањето на неговата слободна молекула, енергетските метаболити на креатинот (пириват, малат или алфа-кетоглутарат) да станат дел од состојките кои учествуваат во промените на енергијата (вклучувајќи го и Кребсовиот циклус), директно придонесувајќи за намалување на чувството на замор кое е често кај спортистите.
Збогатувањето на Creatine Explode со таурин е многу ефективно во синергетското влијание врз обемот на вежбање како и ефикасното унапредување на процесот, јасно придонесува за подобрување на спортските перформанси и го скратува времето потребно за регенерација по тренингот. Сите овие факти несомнено го носат новиот производ на ОЛИМП на врвот, споредено со традиционалните, еднокомпонентни додатоци со креатин.
За кого е наменет овој производ?
Creatine Xplode се препорачува за сите кои спортуваат, без оглед на нивното моментално ниво. Овој иновативен додаток ќе придонесе за значително подобрување во перформансите на вежбање и значително скратување на времето за регенерација на телото. Употребата на Creatine Xplode ќе биде корисна за сите кои се секојдневно активни поради нивната работа или други обврски. Мешавината од 6 типа на креатин кои ги има во овој производ ќе ве снабдат со сила доволна за еден цел активен ден.
Кои производи најдобро се комбинираат со Creatine Xplode?
За да се доведе до максимум растот на мускулната тежина, овој производ секогаш треба да се комбинира со CarboNox, Carbonizer, Dextrex Juice како и со протеински додатоци како што се Profi Mass или 100% Whey Protein Complex после тренингот.
Совршен избор на додатоци за да се зголеми ефективноста на вежбањето се AAKG 7500 Extreme Shot , BCAA Xplode (се употребуваат пред или за време на тренингот).
Совршена, анти-катаболичка комбинација е GLUTAMINE Xplode кој се употребува пред и после тренингот и пред спиење.
МАТРИЦА 6 СИЛНА МЕШАВИНА (креатин цитрат, креатин малат, креатин етил естер HCl, креатин MagnaPower™ (креатин, магнезиумови соли на лимонска киселина, магнезиумови соли на ортофосфорна киселина), креатин алфа-кетоглутарат, креатин тамосферски регулација, пирувати - натриум цитрати; средство против стврднување - силициум диоксид; засладувачи - ацесулфам К, сукралоза; бои: каротини (A), кармин (B), рибофлавини (C), E 150c (D), E 150d (E), E 133 (F), патентно сино V (G), индиго кармин (H), хлорофили и хлорофилини (I), куркумин (J), антоцијани (К), екстракт од пиперка (L), бетанин (М), растителен јаглерод (N). (A)-(Z) – Во зависност од вкусот на производот за употребените состојки, видете ги симболите (A-Z) покрај датумот на минимална издржливост (најдобро претходно).
1 порција дневно – пред појадок или после тренинг. Додадете 1 порција (5,8 g прашок = ½ лажичка) во 150 мл вода. Консумирајте директно по подготовката.
Може да дојде до зголемување на телесната тежина. Не е погоден за деца и млади луѓе. Да се чува подалеку од дофат на деца.
Не ја надминувајте препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна и урамнотежена исхрана. Се препорачува разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот.
Предупредување: можно е згрутчување на производот и таложење по растворање во вода што не влијае на квалитетот на производот.
Нема мислења за овој продукт
Слични продукти
AMINO EAA XPLODE E СИНЕРГИЈА ОД ЕФЕКТОТ ОД EAA, ДОПОЛНИТЕЛНИ БЦАА, Л-ГЛУТАМИН И Л-АЛАНИН ! О..
Во кошничкаКрајно време е да дознаете како делува GLUTAMINE XPLODE со иновативниот VIT-A-MIN SuperCharge во 3 п..
Во кошничка4 ... 3 ... 2 ... 1 ... 0 ... Xplode! НАЈГОЛЕМА НОКАУТИРАЧКА ДОЗА ОД БЦАА НА ПАЗАРОТ ! 6000 мг БЦА..
Во кошничкаBeta-Alanine Xplode е додаток во исхраната во форма на прав, карактеризиран со одлична растворливост..
Во кошничкаКомплекс од есенцијални амино киселини со одличен вкус и лесна и брза апсорпција, збогатен со електр..
Во кошничка