Dextrex Juice 1000g

  • 790,00ден

Квалитетен извор на непосредна енергија. За време на интензивни активности Спречува мускулна исцрпеност Транспорт систем за креатин, BCAA, глутамин ...

Во листа со желби

Спореди со друг

Постави прашање

Без данок: 790,00ден

Достапност: На залиха

Производител: OLIMP SPORT NUTRITION

Код на продуктот: 3036

Ознаки:  dextrexjuice1000g ПОГЛЕДНИСЕВОКАТЕГОРИЈА


Иновативен креатин транспортер

Dextrex Juice е добро осмислен комплекс од фармацевтски квалитетна декстроза, микронизиран таурин и значителна количина на магнезиум.

Декстрозата претставува квалитетен извор на брза енергија и преставува најдобар облик за внес на едноставни јагленохидрати за спортисти кои имаат зголемена потреба за енергија и кои во текот на долги активности им е потребен брз извор на енергија. Другите типови на јагленохидрати мораат предходно са претворат во облик на гликоза пред организмот да ги искористи за енергија. Производот Дехтрех спречува исцрпеност, а во исто време помага за побрза регенерација на мускулното ткиво, затоа се препорачува и после тренинг односно физичка активност.

Целата формула го олеснува оптимизирањето на активноста на креатинот, како и носи други придобивки. Додавањето креатин во исхраната може, на пример, да го зголеми темпото на регенерација на АТП во мускулните клетки и како резултат на тоа да го олесни растот и на силата и на мускулната маса.

  • Висококвалитетна, чиста декстроза
  • Додаток на микронизиран таурин и магнезиум
  • Дополнителна енергија за вежбање
  • Брзо надополнување на мускулниот гликоген
  • Подобрен транспорт на креатин

Кога користите Dextrex Juice, можете да бидете сигурни дека ги добивате неговите оптимални ефекти. Погоден за физички активни луѓе и спортисти.

Декстрозата е многу добар транспортер на креатинот и други аминокиселини како што се БЦАА;Глутамин итн

декстроза, таурин, регулатори на киселост – јаболкова киселина, лимонска киселина; ароми, магнезиум оксид, бои: каротени (A), кармин (B), рибофлавини (C), E 150c (D), E 150d (E), E 133 (F), патент сина V (G), индиго кармин (H), хлорофили и хлорофилини (I), куркумин (J), антоцијанини (K), екстракт од пиперка (L), бетанин (M), растителен јаглерод (N). (A)-(Z) – Во зависност од вкусот на производот за употребените состојки видете ги симболите (A-Z) покрај за датумот на минимална трајност (најдобро до).

Произведено на производствена локација која користи деривати од млеко, јајца, соја, јаткасти плодови, кикирики, житарки што содржат глутен, риба, ракови, мекотели.

 

Производот е наменет за возрасни лица со високоинтензивна и/или долготрајна физичка активност што доведува до мускулен замор и намалување на резервите на гликоген во скелетните мускули. Корисниот ефект се добива со консумирање на јаглехидрати, од сите извори, со вкупен внес од 4 гр на кг телесна тежина, во дози, во првите 4 часа и не подоцна од 6 часа, по високоинтензивна и/или долготрајна физичка активност што доведува до мускулен замор и намалување на резервите на гликоген во скелетните мускули.

Препорачана употреба: земајте 2-3 порции дневно - за време или по тренингот. Додадете 1 порција (20 гр = ¼ мерица) во 125 мл вода.

Не ја надминувајте препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна и балансирана исхрана. Се препорачува разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Не е погодно за дијабетичари.

Да се ​​чува подалеку од дофат на деца. Неотворено, чувајте на суво и ладно место.

 

Неодамнешни прашања

Постави прашање за овој производ

Мислења

Нема мислења за овој продукт

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!