BMI, што е тоа?
Индекс на телесна маса или Body Mass Index (BMI) е алатка што ни го покажува односот помеѓу тежината и висината на нашето тело, секако, земајќи ги предвид и нашата возраст и полот. Со нејзе може да се одреди дали некое лице има здрава тежина, или ако има прекумерна тежина, сериозноста на проблемот.
Индексот што се добива може да варира од 20 или помалку, па сѐ до 45 или повеќе, а овие бројки всушност се однесуваат на различните категории телесна тежина, односно дали сте во границите на нормалата, дали сте на граница со некоја друга категорија или, пак, се приближувате кон прекумерна или кон намалена телесна тежина.
Нивоа на БМИ:
- Помалку од 18,5 е недоволна тежина
- 18,5-25 се смета за здрав.
- 25-30 покажува прекумерна тежина
- 30 или поголем укажува на дебелина
- Морбидна дебелина е БМИ од 35, ако пациентот има други сериозни здравствени состојби, како што е дијабетес. Ако не постои друга здравствена состојба, BMI од 40 се смета за морбидна дебелина.
Напомена: БМИ можат да бидат неточни кај многу мускулести поединци кои можат да бидат многу тешки за нивната висина, но немаат високо ниво на маснотии.