Мускулна маса, што е тоа?

Телото има три вида мускули: скелетни, мазни и срцеви. Мускулите тежат повеќе од маснотиите, но ова не се однесува на тежината, туку на разликата во густината на ткивата. Мускулното ткиво е погусто, во споредба со маснотиите и тежи повеќе по единица волумен. Мускулите заземаат помалку простор во телото отколку маснотиите, а две лица со ист број килограми и различни мускулни пропорции можат да изгледаат сосема поинакви (лице со поголема мускулна маса изгледа пониско).

Според научните истражувања, здрави опсези за мускулна маса се:

Возраст од 20 до 39 години:

  • 75 до 89 проценти за мажи,
  • 63 до 75,5 проценти за жени

Возраст од 40 до 59 години:

  • 73 до 86 проценти за мажи,
  • 62 до 73,5 проценти за жени

Возраст: од 60 до 79 години:

  • 70 до 84 проценти за мажи,
  • 60 до 72,5 проценти за жени

Зошто се битни овие информации?

Поголема мускулна маса значи и побрз метаболизам и генерално подобро целокупно здравје. „Поголемата мускулна маса доведува до забрзување на метаболизмот, на пример, лице кое има поголем процент на мускулна маса ќе согорува повеќе калории во мирување во споредба со некој со помал процент на мускулна маса“. Поголеми нивоа на мускулна маса исто така можат да го спречат развојот на дијабетес. "Масното тело предизвикува хипертензија и дијабетес поради отпорност на инсулин. Како што старееме, ја губиме мускулната маса и стануваме склони кон паѓање. Губењето на мускулната маса предизвикува губење на рамнотежа и сила, па затоа редовното вежбање е клучот за добро здравје во подоцнежните години".